ЗОИ 2026: Двојна победа на Германија во боб четворосед

Германската репрезентација во боб четворосед го освои денеска златниот медал на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Милано и Кортина.

Германскиот боб во состав Јоханес Лохнер, Тростен Маргис, Јорн Венцел и Георг Флајшхауер дојде до олимписката титула со резултат од 3:37,57 минути.

Сребрениот медал го освои уште еден екипаж од Германија, составен од Франческо Фридрих, Матијас Зомер, Александар Шулер и Феликс Штрауб, кои беа 0,57 секунди побавни од победниците.

Бронзата им припадна на Швајцарците Михаел Фогт, Андреас Хас, Амаду Давид Ендиа и Марио Аберхорд, кои имаа 1,07 секунди заостанување зад олимписките шампиони.

Back to top button
Close