ЗОИ 2026: Прво злато за американските хокеари по пауза од 46 години

Хокеарите на САД се новите олимписки победници откако ја совладаа вечерва по продолжение Канада со 2-1 (1-0, 0-1, 0-0, 1-0) во финалето во Милано, освојувајќи го првото злато по 46 години.
Финалето помеѓу Канаѓаните и Американците беше последниот спортски настан на ЗОИ во Милано и Кортина пред свечено затворање.
За Американците, ова е трето злато во историјата, првите два ги освоија на домашен терен, во 1980 година во Лејк Плесид и во 1960 година во Скво Вали. Водно, САД има и осум сребрени медали и еден бронзен. Канаѓаните останаа на девет златни.
Во натпреварот за третото место, Финска вчера ја победи Словачка со 6-1 (1-0, 1-1, 4-0).






