ЗОИ 2026: Женскиот спуст повторно во неколкуминутен прекин, тешко се повреди уште една скијачка

Женскиот спуст на Зимските олимписки игри повторно е во прекин, откако Канде Морено од Андора го повреди коленото по тежок пад.

Некаде на средина од патеката Морено го повреди левото колено при доскок по една нерамнина. Таа не можеше сама да стане. Откако ѝ беше дадена прва помош, беше евакуирана со хеликоптер.

Претходно спустот беше во 25-минутен прекин поради тешкиот пад на Линдзи Вон. Американката исто така со хеликоптер беше транспортирана во болница

Back to top button
Close