ЗОИ 2026: Златен медал за Австралија во сноуборд

Австралиската репрезентативка во сноуборд Џоси Баф го освои златниот медал во дисциплината сноуборд крос откако беше најдобра во финалето. Таа имаше победа и во едната од полуфиналните трки.
Второто место и сребрениот медал и припадна Ева Адамчикова од Чешка, додека како трета заврши Италијанката Михаела Моиоли, а без медал од финалната трка остана Наоми Видермер од Швајцарија.
Новата олимписка шампионка Џоси Баф ја потврди фаворитската улога, таа беше шампионка на Зимските младински олимписки игри во Лозана 2020 година






