ЗОИ 2026: Злато за Кинезинката Гу во халфпајп

Кинеската натпреварувачка Ајлин Гу го одбрани денеска златниот медал во слободно скијање во дисциплината халфпајп на Зимските олимписки игри (ЗОИ) 2026 во Милано и Кортина.

На последниот ден од Игрите, Гу дојде до златото на патеката во Ливињо со освоени 94,75 бодови, што беше нејзин најдобар резултат постигнат во второто возење.

Ова е шести олимписки медал за 22-годишната Гу, која освои и две сребра на ЗОИ2026, откако на Игрите во Пекинг 2022 се закити со два златни и еден сребрен медал.

Второто место и сребрениот медал го освои нејзината сонародничка Ли Фанхуе, додека Британката Зои Аткин се закити со бронзата.

Back to top button
Close