ЗОИ2026: Јужнокорејката Ким златна во брзо лизгање на 1.500 метри

Јужнокорејската натпреварувачка Џили Ким (21) ја освои титулата олимписки шампион во брзо лизгање на кратки патеки на 1500 метри на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Милано.
Ким во финалето за 0.374 секунди ја остави зад себе својата сонародничка и идол Минџонг Чои (27), која освои злато во оваа дисциплина во Пјонгчанг 2018 и Пекинг 2022.
Бронзениот медал го освои Американката Корин Стодард (24).
Легендарната Италијанка Аријана Фонтана (35) ја заврши трката на петтото место и остана на своите 14 олимписки медали, од кои освои злато, сребро и бронза на ЗОи2026.

Back to top button
Close