Зоран Герасимоски поднел оставка од функцијата в.д. директор на Академијата за судии и јавни обвинители. Му текна дека ќе му биде многу

Зоран Герасимоски поднел оставка од функцијата в.д. директор на Академијата за судии и јавни обвинители
од Fokus 05.12.2022

Членот на Судскиот совет на Република Северна Македонија Зоран Герасимоски поднел неотповиклива оставка од функцијата в.д. директор на Академијата за судии и јавни обвинители.

Герасимовски, ова го соопшти на почетокот на денешната седница на Судскиот совет, на чиј дневен ред е избор на претседател на Судскиот совет и се иззема од гласањето за избор на нов претседател.

Едногласно бев избран за в.д директор на Академијата, до избор на директор што ќе се случи во среда, а со цел да не дојде до застој на работите во Академијата. Согласно упатствата на ДКСК дека со мојот избор има судир на интереси денеска ја доставив мојата неотповиклива оставка од функцијата, изјави Герасимоски.

Со цел да не се наруши угледот на функцијата, Герасимоски посочи дека оставката е неотповиклива.

Back to top button
Close