Зоран и Вице Заеви регистрираа фондација Заев – Едно општество за сите


Поранешниот премеиер Зоран Заев и неговиот брат, познатиот бизнисмен Вице Заев, денеска ја основаа Фондацијата Заев – Едно општество за сите.

Директор на фондацијата е Зоран Заев.

Фондацијата ќе врши дејности и активности за унапредување, поддршка и развој на општеството, јавното здравје, едукацијата на млади, заштита на животната средина, спортот, културата, уметноста и деловната заедница Струмица.

Цели на фондацијата се креирање на Заев социјално-хуманитарниа програма, Заев солидарно – инклузивна програма, Заев конгрес центар, Заев програма за животна средина, Заев академија на јавни политики, Заев спортско-рекреативна програма, Заев мото-рели.

Идејата за ваква фондација беше спомнувана повеќе пати во јавноста во последниот период, но дури денес таа се оствари. Според најавите во неа учество ќе земат повеќе интелектуалци од земјава, а учесник ќе биде и Венко Филипче.

Back to top button
Close