Зоран Попоски изложува на најголемиот европски фестивал за дигитална уметност
Македонскиот дигитален уметник Зоран Попоски учествува на водечкиот европски фестивал за елекктронски и дигитални уметности Арс Електроника во Линц, Австрија, во периодот од 8 до 12 септември 2021 година.
Мото на фестивалот е “Нов дигитален договор” и потребата да се преиспитаат основите на дигиталниот свет. Фестивалот ќе се одвива во Линц и 86 „Електронски градини” ширум светот, како и преку интернет. Фестивалот вклучува изложби, концерти, академски конференции, работилници и други активности од областа на современата уметност, технологија и општество.
Зоран Попоски магистрирал уметност во нови медиуми во Австрија и САД, а докторирал студии на културата во Скопје. Има реализирано над 100 меѓународни изложби и е добитник на повеќе меѓународни награди за уметност.