Зоран Трајчевски директор на АВМУ и во наредните пет години

Зоран Трајчевски ќе ја раководи  Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) и во наредните пет години, откако доби поддршка од Советот на АВМУ за нов мандат.

Прес-службата на АВМУ попладнево соопшти дека Советот на ААВМУ денеска на седница одлучил во наредниот петгодишен период Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да ја води Зоран Трајчевски, кој е на оваа функција од 2014 година.

Трајчевски беше избран за директор на АВМУ на 12-тата седница на Советот на Агенцијата, одржана на 7 октомври 2014 година, а претходно беше директор на Агенцијата за електронски комуникации.

Back to top button
Close