Зоран Заев на одмор во Преспа

– Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска на својот официјален фејсбук профил сподели фотографии од неговиот одмор во Преспа.

Тој по изборите замина на одмор со најава дека преговорите за составување на новата влада ќе ги почне по Илинден.

– Дома си е дома, дома е и во Љубојно во Преспа. Медот е од Бујар, баклавата ја правеше мајка му на Линдим, а рибата ја спреми тетка Лилјана, мајката на Васко. Голема благодарност за гостопримството и одличната храна и до Борјан и до градоначалникот Живко. Цело е кога има сѐ, напиша Заев на ФБ.

Back to top button
Close