Зошто кабинетот на Сиљановска дозволил претседателката да се слика без македонско знаме?

Од кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова велат дека утре, откако се вратија од Софија и јавноста реагираше, ќе ја прашале бугарската страна зошто немало македонско знаме на средбата помеѓу претседателката и бугарскиот претседател Румен Радев.

„Пред почетокот на тет-а-тет средбата, претседателот Радев ја покани претседателката да направат заедничка фотографија пред бугарското знаме, иако ваков потег и чин не беше предвиден, ниту договорен. Сакаме да веруваме дека се работи за протоколарен превид, а не за намерна постапка и отстапка од договореното и веќе утре ќе побараме објаснување од бугарска страна“ велат од кабинетот на претседателката.

И покрај тоа што во Софија, Сиљановска-Давкова патуваше со својот протокол и луѓе од нејзиниот кабинет и беше придржувана од министерот за надворешни работи и надворешан трговија, Тимчо Муцунски и министерот за култура и туризам Зоран Љутков, никој не реагирал за тоа што не било истакнато македонско знаме.

Според нивниот одговор, никој од македонската страна не реагирал зошто двајцата претседатели се сликаат само пред бугарски знамиња, а за тоа ќе реагирале, како што велат, утре, во недела.

Back to top button
Close