Зошто се уште не е вакциниран извршниот директop нa „Фајзер“?

Алберт Бурла, извршен директор на „Фајзер“, одговори зошто сè уште не ја примил вакцината на неговата компанија. Тој изјави дека не сака да „влезе преку ред“, кој е утврден од американските здравствени власти.

Бурла ова го изјави во емисијата на Си-Ен-Ен водена од главната новинарка од областа на здравството, д-р Санџај Гупта.

„Сè уште не сум ја примил, имаме етички комитет кој се занимава со прашањето кој ќе ја прими вакцината“, изјавил Бурла, наведувајќи дека Центарот за контрола на болести утврдил како ќе се одвива налогот за вакцинација.

Директорот на „Фајзер“ подвлече дека компанијата е многу внимателна да не ги крши приоритетните упатства утврдени од американските стручни служби, во кои се наведува дека први на списокот за вакцинација се здравствените работници.

Тој посочи дека сигурно ќе ја прими вакцината „Фајзер-Бионтек“ и дека ќе им помогне на луѓето да добијат доверба во неа.

Првата личност во САД која ја примила вакцината била медицинската сестра Сандра Линдзи, која работи во одделот за интензивна нега на медицинскиот центар во Лонг Ајленд.

Американските власти дадоа дозвола кон крајот на минатата недела дека вакцината може да се користи.

Back to top button
Close