Зошто сите би требало да сме загрижени за Илон Маск и „бролијархијата
Единствената причина зошто зборуваме за Илон Маск, а не за Џеф Безос или Марк Цукерберг е тоа што Маск стана де факто потпретседател на Соединетите Американски Држави. Тој си купи многу удобна позиција во администрацијата и тоа му е неверојатна и неверојатна инвестиција – за неколку стотици милиони вложени долари заработи стотици милијарди. Не верувам дека постои подобар поврат на инвестицијата од онаа што веќе ја оствари. Затоа зборуваме за него.
![Foto: Bonitet.com / Midjourney](https://libertas.mk/wp-content/uploads/2025/02/tehnofeudalizam-janis-varufakis-300x168.jpg)
Јас лично не се грижам премногу за него и за тоа што тој за Die Welt пишува за неговата поддршка за AfD. Јас верувам во слободата на говорот и ако тој сака да поддржува таков полусвет на изборите во Германија, нека му биде. Што се однесува до мене, не мислам дека тоа е загрижувачко. Не е само тој, тука е и господинот по име Питер Тил (основач на технолошките гиганти Palantir и PayPal, op.ed.), кој исто така беше вклучен во кампањата на Трамп и чиј поранешен вработен е актуелниот потпретседател на САД.
Сето ова е сосема легитимна причина човек да се згрози , таа бролигархија („брат“ = сленг за „брат“) која плива во неверојатно богатство и која има своја историја – погледнете како некои од нив се однесувале со поранешните сопруги, како промовирале книги што го оправдуваат насилството, како се смеат кога се споменуват човечките права, како заработуваат милијарди низ бизниси со владите и војската, и како се накострешуваат на плановите на владите чија цел е да им се помогне на сиромашните дури и малку, но тоа нив нема да ги направи уште побогати – сето тоа е нешто од што на човек му се згадува.
Неодамна италијанската премиерка Џорџа Мелони го посети Мајами и имаше приватен разговор со Маск. Една од причините зошто Маск толку многу ја сака и зошто не сака таа да биде отпишана како Најџел Фараж (лидер на британската реформска партија, лидер на движењето Брегзит, ) е тоа што Мелони и понуди можност на италијанската влада да се повлече од проектот за заеднички европски сателити кои ќе се натпреваруваат со Starlink на Маск. Затоа треба да бидеме многу загрижени за диловите што во Мар-а-Лаго ги прават неофашистичката премиерка на Италија и Илон Маск, кому не му треба придавка.
Патем, овде морам да напоменам уште една работа – тој не е никаков апсолутист за слобода на говор, тој е обичен апсолутист и тоталитарец кој воопшто не се грижи за слободата на говор освен ако тоа не е неговиот слободен говор. Тој наводно ја поддржува слободата на говорот на Томи Робинсон (британски десничарски активист осуден на затвор и забранет од социјалните мрежи за клевета и говор на омраза) иако факт е дека Робинсон беше осуден за целосно лажење за сириските бегалци во и надвор од судот, но не кажа ниту еден збор додека Џулијан Асанж буквално гниеше во затвор под високи мерки за безбедност
За него човек кој бил лажно обвинет треба да скапува во затвор затоа што дејствувал против интересите на ЦИА, НСА, Пентагон или Илон Маск. Гајле му е на Илон за слободата на говорот и слободата на изразување, а особено за слободата на медиумите
Тука ќе се ставам во улога на адвокат на ѓаволот и ќе го поставам прашањето – што е ново во сето ова? Луѓето се однесуваат како она што се случува со Маск, Тил и другите членови на таа бролијархија да е нешто ново. И дали е навистина ново? Можеби е така, но не од причините што ги наведуваат либералните медиуми. Во споредба со династијата на чело со Џон Д. Рокфелер, Маск изгледа како аматер. Хенри Форд купи весник и буквално ги принуди општините да ги отфрлат трамваите и да ги заменат со автомобили и автобуси на Форд. Томас Едисон е познат по тој познат инцидент кога јавно удрил слон со струја за да покаже дека наизменичната струја на Вестингхаус е поопасна од неговата директна струја.
Односот меѓу големиот бизнис и владата секогаш личел на ротирачка врата. Така и Бил Клинтон го донесе извршниот директор на Голдман, Сакс Роберт Рубин, за министер за финансии и тој ги отстрани сите пречки кои од триесеттите години беа бариера за криминалот извршен по мандатот на Клинтон. И Барак Обама го зеде истиот човек за по 2008-ма година за да ги спаси банките од колапсот што самите го предизвикаа. Тука нема ништо ново
Но, да ја завршам оваа долга мисла, она што е ново е новата форма на капитал што ја поседуваат овие луѓе. Познато е дека јас го нарекувам cloud (облак) капитал – тоа не се производи или средства за производство, туку средства за модификација на однесувањето. Тоа е ново хипероружје кое го поседуваат овие бролигарси или технофеудалци. Имаат нешто што го немале Едисон, Форд, Вестингхаус или Рокфелер, и тука треба да се разбере начинот на кој функционира овој тип на капитал и како тој го презема пазарот, како го заменува, како го претвора во гигантски паразит кој е стотици пати поголем од организмот на кој паразитира.
Овој организам го претставуваат класичниот капитализам, работниците и вредноста што се создава. Треба да го разбереме ова ново оружје што го имаат големите техно-гиганти, Маск и разните Масковци како Гејтс и Гугл – да не ги заборавиме и нив, иако тие се демократи тие отсекогаш биле во оваа игра и веќе се во потесниот круг околу Трамп – а политичката економија е посветена на овој феномен што Маск само го олицетворува.
Јанис Варуфакис
Јанис Варуфакис е поранеѓен минисер за финансии на грција, левичар и автор на неколку книги за економијата, со акцент на должничката криза и финансиската нерамнотежа во светот. Неговата книга „Технофеудализам: Што го уби капитализамот“ ја проблематизира улогата на технолошките гиганти и друштвените промени.
извор: 6yka.rs
превод: Лени Фрчкоска