Зошто жртвите на сексуално насилство истапуваат “дури” после извесно време?
Бидејќи, по правило, биле во состојба на шок. Замрзнати, потиснати чувства. Долго. Тоа е начин за справување со траумата. Затоа што вистинските чувства биле претешки за да се поднесат. Овие се докажани психолошки механизми.

– Затоа што постои страв дека никој нема да им верува. Силувачите се често почитувани членови на општеството, фамилијата, омилени во друштвото.
-Затоа што се обвинуваат самите себеси. Огромен број жртви на сексуално насилство носат чувсто на вина, верување дека тие на некој начин придонеле за самиот чин – со нивното однесување, нивната личност, огромен дефект во нивната личност.
– Бидејќи напаѓачот е честопати личност кој жртвата го познава, има доверба или е дури и многу блиска. Работите не се толку едноставни – постои емотивна врска. Или чувство на должност, стравопочит, што ги интензивира внатрешниот конфликт, конфузијата, лудилото. Сето ова дополнително ја ослабува жртвата, на секој можен начин, оневозможувајќи и да носи рационални одлуки и да преземе нешто. Често постои емоционална / материјална зависност од натрапникот. Ова е исто така одговор на прашањето „како може една жена да остане толку долго во насилна врска?“.
– Затоа што постои страв од исходот ако се проговори. Можеби некој ќе биде повреден. Можеби некој од членовите на семејството ќе се разболе, ќе умре, ќе повредам многу луѓе со своето признание. Можеби ќе се откажат од мене. Може да си навлечам огромен срам, осуда на себе и на другите.
-Бидејќи младите девојки честопати не го доживуваат чинот на сексуално насилство како силување. Опкружени сме со релативизација на насилството и збунувачки пораки за младите за сексуалноста. Сцените на сексуалноста, измешани со насилство, станаа мејнстрим
Затоа што постои чувство дека никој нема да не разбере. За тоа не се зборува. “Еднаш и споменав на мама, брзо ме замолкна”. Постои чувство на табу, срам, ужаси, огромни тајни. Често постои проблем со неосвестено, необработено трансгенерациско (сексуално, физичко, емоционално) насилство, кое ги затвора каналите на комуникација во рамките на семејствата.
– Затоа што никој од пријателите не зборува за тоа. Уште еднаш, табу, тајна, срам, стигма. Сите сме заедно во тоа, и неверојатно сами.
-Бидејќи властите не си ја вршат работата како што треба. Има многу приказни за жени кои пријавуваат насилство, малтретирање, злоставување, а за возврат добиваат потсмев, саркастичен коментар или барем незаинтересираност и недејствување.
Непријавување за сексуално насилство – силување – подолго време, е адаптивен психолошки механизам. Штом жртвата стане посилна, психолошки, емоционално, на секој друг начин, тој добива сила да ги обработи потиснатите содржини. Потоа, кај некои, се појавува потреба да се пријави сторителот.
Она што можеме да го направиме за жртвите на насилство, ако ги познаваме, е да обезбедиме безусловна емпатија и поддршка откако ќе ни се доверат на нивниот проблем. Ако ја следиме сторијата за сексуална злоупотреба преку медиумите, како што е случај со младата актерка овие денови, важно е да ги разбереме споменатите психолошки механизми и да им ги објасниме на оние кои можеби не разбираат зошто жртвата дури сега истапува.
Со тоа се отвораат дијалози за тешки теми и се подготвува целото општество да ги поздрави идните настапи од ваков вид на информиран, сочувствителен начин и уште поважно, да создаде социјална клима која, примарно, превенира такви злоупотреби.
Предаторите од најразличен вид се насекаде околу нас. Една од најважните задачи на родителството е да ги едуцира децата за нивното постоење, начините на заштита, да ги одржуваме отворени каналите за комуникација со детето – и да се едуцираме, доколку сè уште живееме во некои заблуди, бидејќи дури и во зрелоста можеме лесно да станеме жртви. Секој може да стане жртва, и тоа нема никаква врска со сила / слабост, ниво на образование, интелигенција, возраст.
Но, децата се особено ранлива категорија. Преваленцата на психопатолошки феномени што можат да доведат до вакво однесување е доминантна. Ова не е втерување страв, тоа е реалност и мора да бидеме свесни за тоа. И да ја алушаме интуицијата, таа скоро никогаш не греши, единствено важно е да ја слушаме.
И уште нешто – штом ја отвориме оваа пандорина кутија, кога ќе започне разговор на оваа страшна тема, кога ќе се отворат пријателките, мајките, сестрите, бабите, кога ќе се обединат, кога ќе се создаде притисок врз надлежните совесно да ги извршуваат своите должности, кога ќе се подигне јавната свест, мрежите на предатори ја губат својата моќ. На жртвите им треба ова длабоко разбирање и поддршка, бидејќи ослабени ретко можат да го решат проблемот самостојно.
Се разбира, сето ова им се случува и на момчиња, млади мажи, мажи, можеби во малку променет контекст, но суштината е иста.
Исто така, со цел да се избегне жртвата да доживее последователна трауматизација (т.н. секундарна виктимизација) по тешката одлука за презентирање на овие факти, добро е да се запознаете со психолошките механизми наведени во овој текст.
Малку емпатија и солидарност – тоа е сè што ни треба за да се справиме на коректен и хуман начин со ситуацијата на истапување на жртвата во врска со (сексуалното) насилство што го доживеала. 💜✊
Јелена Вељковиќ, психолошка советничка и психотерапевтка во надзор, авторка на “Белешки од психотерапијата”
превод: Лени Фрчкоска






