„Зрак по мракот“ – филм за храброста да се затвори кругот на насилството

– Краткиот документарен филм „Зрак по мракот“ во продукција на „Види Вака“ е третиот од серијата шест мултимедијални приказни за граѓани кои се соочуваат со некакви предизвици во време на пандемијата предизвикана од КОВИД-19.

Автор на „Зрак по мракот“ е новинарката Христина Ѓорѓиевска, а директор на фотографијата е Крсте Шупев. Продуценти се Мите Кузевски и Горан Игиќ. Главните протагонисти во филмот се две жени жртви на семејно насилство, кои зборуваат за претрпеното физичко и психичко насилство, но и за храброста да го затворат кругот на насилството.

Извршната директорка во „Глас против насилство“, Елена Димушевска, во документарниот филм зборува за Куќата за отворено домување за жените жртви на семејно насилство, која им овозможува на жртвите откако ќе го напуштат Шелтерот, да бидат сместени таму, додека социјалната работничка во Прв семеен центар, Ивана Костовска, ја истакнува важноста на психо-социјална поддршка која ја дава центарот на жртвите на семејно насилство.

 

Back to top button
Close