Звукот на идната генерација“ – концерт на студентите на ФМУ  

„Звукот на идната генерација“ е насловен концерот вечер од 20 часот во Филхармонијата, на кој ќе настапат студентите од Факултетот за музичка уметност.

 

На програмата се дела од Менделсон, Давид, Дебиси, Хачатуријан, Рахмањинов и Брамс. Како солисти ќе настапат Магдалена Кочоска, Виктор Богоевски, Анел Селим, Памела Велкова, Искра Атанасова Митуш, Ивона Базгаловска и Ана Спасовска.

Концертот ќе го води Борјан Цанев, кој од 1999 е постојан диригент на Филхармонијата. На чело на овој оркестар постигнал забележителни резултати во земјава и во странство, меѓу кои е и првото гостување на оркестарот во САД во 2015 година, вклучувајќи два концерта во Њујорк – во „Карнеги хол“ и во Музичкиот центар „Кауфман“. Цанев е професор на Факултетот за музичка уметност од 2002 година.

Back to top button
Close