Времето денеска: Облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд

Времето денеска од изутрина ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои претежно на исток и југоисток ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Преку денот ќе биде значително посвежо и ќе дува умерен до силен северен ветер (и над 60 км/час) најизразен во горниот тек на Повардарието и во западните делови, информираат од УХМР. УВ- индексот ќе биде 6.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 10 до 19 Целзиусови степени, а максималните од 16 до 29 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Температурите ќе се движат од 16 до 21 Целзиусов степен.

Back to top button
Close