(ВИДЕО) „Политиканти“ на „Слободен печат“, интервју со Димитар Ковачевски: Имавме заробена држава, а СДСМ ја врати демократијата

 

 

 

Сашо Орданоски и Борјан Јовановски во ова интервју направено меѓу два изборни круга, а непосредно по првиот круг претседателски избори имаа за што да разговараат за Ковачевски.

 

Ако поддршката за ЕУ е голема, зошто изборните резултати беа вакви? Како ќе продолжат европските интеграции? Ќе има ли уставни измени? Реално ли е Македонија да влезе во ЕУ до 2030 година?

Свесен ли е Ковачевски за грешките на неговата влада? Зошто СДСМ не успеа да ја валоризира својата историја и да направи наратив, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ? Остварени ли се барањата на Шарената револуција? Слободата на медиумите се врати. Зошто не се врати правдата? Зошто се донесоа контроверзните измени на Кривичниот законик? Ќе се врати ли со нив Никола Груевски? Ќе одговара ли некој за прислушувањето? Зошто се чувале судски предмети во фиоки?

Зошто не се работеше на реформи важни за правото и борба против корупцијата на што посочија и ЕУ и САД? Згреши ли владата на СДСМ што не спроведе ветинг? Каде е корупцијата?

Зошто СДСМ изгуби во Скопје, кога Владата се занимаваше со комуналните проблеми на скопјани? Што е проблемот со нефункционалноста на администрацијата? Ковачевски признава дека имало погрешни кадровски решенија. Каков е неговиот став кон ДУИ и перцепцијата на јавноста дека ДУИ е најкорумпиран елемент во владата? Како ја толкува предизборната кампања на ДУИ? Се разговара ли за „црни сценарија“ на вториот круг претседателски и парламентарните избори?

За овие прашања и многу повеќе во новото издание на поткастот „Политиканти.мк“ на Слободен печат.

 

Back to top button
Close