Голем пожар зафати автоотпад во Тетово, се испитува загаденоста на воздухот

Голем пожар избувна денеска на автоотпад во Тетово, при што над околината се издигна густ чад. Надлежните служби интервенираат на терен, додека инспекциските служби го проверуваат можниот степен на загадување на воздухот.
Поради материјалите што горат на автоотпадот, меѓу кои може да има пластика, гуми, масла и други автомобилски компоненти, постои опасност од ослободување штетни материи во воздухот.
На жителите од околината им се препорачува да ги затворат прозорците и вратите и да избегнуваат непотребен престој на отворено додека трае пожарот и додека не бидат познати резултатите од мерењата.
Особено внимателни треба да бидат децата, повозрасните лица, бремените жени и граѓаните со хронични респираторни и кардиоваскуларни заболувања.
Инспекторатот излегол на терен и ја следи состојбата со загадувањето. Засега нема официјално објавени резултати од мерењата, ниту информации за евентуално повредени лица.
Причината за избувнувањето на пожарот треба дополнително да биде утврдена. Повеќе информации се очекуваат по завршувањето на интервенцијата и увидот на надлежните институц






