10 незгодни прашања за бугарското вето за С Македонија

Зошто Камчев беше предложен за почесен конзул, дали властите во Софија станаа „сојузници“ на ВМРО-ДПМНЕ, зошто Борисов му го препушти дијалогот со Скопје на Каракачанов, се дел од прашањата што ги поставува бугарскиот портал „Медиапул“.

„Десет непријатни прашања за бугарското вето за С Македонија“ поставува во истоимениот текст бугарскиот портал „Медиапул“.

1. Зошто Бугарија го предложи контроверзниот бизнисмен Орце Камчев за свој почесен конзул во Скопје?

2. Зошто Бугарија не демонстрира конзистентна политика и не ги отвори прашањата за говор на омраза и за кражба на историјата пред С Македонија да стане членка на НАТО годинава?

3. Зошто Владата дозволи да се потпише Договорот за добрососедство, кој претходно беше критикуван од експерти и пратеници поради недоволно контролни механизми при неговата имплементација?

4. Како беа избрани членовите на историската комисија од бугарска страна и зошто Владата ги игнорираше поумерените историчари?

5. Зошто премиерот Бојко Борисов му го препушти дијалогот со Скопје на министерот за одбрана Красимир Каракачанов, во чие портфолио не е надворешната политика?

6. Дали Бугарија ја потцени темата, демонстрирајќи во последните три години неконзистентна политика кон Северна Македонија?

7. Зошто беше дозволено Бугарија да се најде во европска изолација?

8. Станаа ли бугарските власти „сојузници“ со проруската опозициска ВМРО-ДПМНЕ, која е главно одговорна за јазикот на омраза кон Бугарија?

9. Дали постои стратегија како Бугарија да ја поправи штетата што ја нанесе во однос на довербата на македонските граѓани кон Бугарија?

10. Зошто Бугарија дозволи да стане „нова Грција“ за Северна Македонија, а Атина да преземе заштитничка позиција и да нарача вакцини за неа?

Back to top button
Close