19-годишник тешко повреден откако врз него паднала метална врата во двор
Деветнаесетгодишен жител на гостиварското село Дебреше се здобил со тешки телесни повреди откако врз него паднала метална врата.

Од МВР информираат дека на 13 август во 09:50 часот во ОВР Гостивар било пријавено од Медицинскиот центар Гостивар дека кај нив бил донесен Н.А. (19) со тешки телесни повреди.
Според пријавеното, повредите ги здобил додека влегувал во двор кај свој роднина, при што врз него паднала метална врата.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар






