2000 години сокриена под урнатините: Раскошна фреска од Фрикс и Хела откриена во Помпеја

Неверојатно убава фреска на која прикажан миг од митот за Фрикс и Хела е откриена во тек на археолошки ископувања во Помпеја, пишува „Гардијан“.

Поконкретно, но оваа само делумно оштетена фреска, Хела ја подава раката кон Фрикс по падот од овенот, непосредно пред да се удави во теснецот меѓу Европа и Азија.

Ова е прекрасна фреска во одлична состојба. Според митот, Фрикс и Хела се брат и сестра кои бегале од нивната маќеа. Хела паднала во водата и се удавила“, изјавил Габриел Зухтригел, директор на Археолошкиот парк на Помпеја.

На фреската се гледаат живи бои и исклучителен уметнички стил. Хела е прикажана како тоне, со лицето покриено со бранови, додека нејзиниот брат очајнички се обидува да ја извлече.

Фрикс не успеал да ја спаси својата сестра, a морето во кое се удавила го добило нејзиното име – Хелинско Море или Хелеспонт. Денес тоа се Дарданелите.

Помпеја беше целосно уништена во вулканска ерупција во 79 н.е. Поради пепелта од лавата големи делови од овој град се исклучително добро сочувани.

Back to top button
Close