24 годишник во Скопје со автомобил ја влечел сопствената мајка

Дваесет и четиригодишен жител на скопско село во општина Петровец е приведен под сомнение дека со автомобил ја влечел својата 42-годишна мајка, при што таа се здобила со повреди, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Осомничениот, управувајќи патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, преку отворениот прозорец ја фатил својата мајка и ја влечел околу 20 метри, по што го напуштил местото.

Повредената жена била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде ѝ била укажана лекарска помош.

Полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Д. (24) околу 20:30 часот. По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

 

Back to top button
Close