30 дена притвор за обезбедувачот на Мицкоски кој одал државни тајни

Ангел Сарамаков од Велес, полицаец и член на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, доби 30-дневен притвор под сомнение дека сторил кривично део „оддавање службена тајна“, дознава „Скопје1“.

Тој е спроведен во затворот во Шутка, каде ќе ја издржува мерката. Сарамаков беше фатен во акција спроведена од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и МВР, а беше затекнат во возило „БМВ“ заедно со уште едно лице кое засега не се гони.

Кога бил претресен, кај Сарамаков во автомобилот бил пронајден ранец со службени материјали од МВР, а од двете лица се одземени мобилните телефони и се уапсени.

Извор: Скопје 1

Back to top button
Close