30-годишен маж од Сарај загина откако паднал во отвор за лифт во Кисела Вода
Муртезани Мујадин е лицето од Сарај кое денеска околу 9:30 часот го загуби животот по пад во канал за лифт во зграда во скопската населба Кисела Вода, пренесе Алсат.
Како што претходно информиравме, станува збор за човек на возраст од 30 години, кој од засега непознати причини паднал во делот каде што се движи лифтот.






