31-годишник ја нападнал 18-годишната вонбрачна партнерка
31-годишник ја нападнал 18-годишната вонбрачна партнерка

Полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода 31-годишниот Д.Р. од Кочани, по пријава дека физички ја нападнал својата 18-годишна вонбрачна партнерка.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 21 септември 2026 година во 22:20 часот, полициските службеници постапиле по претходна пријава од 18-годишната девојка.
Според пријавата, околу 21 часот, Д.Р. физички ја нападнал во нивниот дом во Свети Николе.
По целосното документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок






