360° Царовска: Избори пред летните одмори – крај на јуни, почеток на јули

Вицепремиерката и потпретседателка на СДСМ, Мила Царовска, во интервју за „360 Степени“ зборуваше за потребата од одржување избори за, како што вели, да имаме функционален парламент и на демократски начин да се носат сите одлуки и за здравствената и за економската криза.

„Нашиот став е дека пред летото треба да имаме избори. Не би лицитирала со точен датум, но пред летото треба да се случат изборите. Пред граѓаните, како и секоја година, така и оваа, да заминат на летните одмори. И сите знаеме дека тоа е во јули. Можеме да го препорачаме крајот на јуни, почетокот на јули е оној период во којшто сметаме дека изборите треба да се случат, со цел да обезбедиме функционални институции, функционален парламент“, вели Царовска.

Таа како примери за институции кои не можат да ги спроведат сите одлуки на Владата ги наведе МВР водено од Чулев, но и Министерството за финансии поради дополнителната заменичка министерка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Back to top button
Close