Куќен притвор за двајцата осомничени за нелегално одгледување канабис во Струмичко


Основниот суд Струмица им одреди куќен притвор на двете лица од струмичко Ново Село кои беа приведени откако полицијата откри дека одгледувале канабис на дива плантажа во атарот на селото Секирник.

Од Јавното обвинителство денеска соопштија дека ОЈО Струмица поднело предлог за определување мерка притвор, но ценејќи ги околностите во случајот, Судот им определил куќен притвор на двајцата осомничени.

„ОЈО Струмица донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Обвинителството поднесе предлог за определување мерка притвор, а ценејќи ги сите околности, Судот определил куќен притвор“,

соопштија денеска од Обвинителството.
Осомничените З.М. (34) и А.Т.Г. (30), двајцата од Општина Ново Село, во полициски разговор признале дека во мај 2026 година набавиле семе, ја обработиле почвата и ги одгледувале растенијата за производство на марихуана во скриен дел од парцела на местото викано Матник во атарот на селото Секирник.

Откриена нелегална плантажа на канабис во Струмичко, одземени 680 килограми стебла, приведени се две

Back to top button
Close