Уште колку животи треба да згаснат за нешто да се преземе?“ – Здружението „16 март 2025“ повикува на 51. „Марш на ангелите“ во Кочани на 14 ноември

Со силна порака дека човечките животи не смеат да се губат поради институционални пропусти и неодговорност, Здружението на граѓани „16 март 2025“ повика на нов „Марш на ангелите“ во Кочани.

Маршот ќе се одржи во сабота, на 14 ноември 2026 година, со почеток во 16:05 часот, а собирот е закажан во Паркот на револуцијата.

Организаторите посочуваат дека маршот е посветен не само на борбата за правда за 63-те загинати млади луѓе, туку и на сите невини жртви чии животи згаснале поради системски пропусти, институционално непостапување и неодговорност.

LANDOV Трифуновски ја брани промената на името: Добра одлука е, денес имаме безбедност
„Не сакаме повеќе минути молк! Сакаме години на одговорност, совесно работење и вистинска превенција“, порачуваат од здружението, прашувајќи до кога ќе се чека да се случи трагедија за да се преземат конкретни мерки.

— реклама —

Тие ги повикуваат граѓаните да им се приклучат, нагласувајќи дека целта не е барање пресуди на улица, туку правда во судниците, одговорност од институциите и мерки со кои ќе се спречи повторување на трагедиите.

„Денес болката е наша, но борбата мора да биде на сите – за утре никој да не ја живее нашата судбина“, порачуваат организаторите, со повик за правда за Кочани и за сите невини жртви.

Back to top button
Close