360Степени: Тасевски од БЈБ му врати на Чулев – го нападнаа началниците од Скопје, Охрид, Штип и Струмица

Началниците зад Чулев, контра директорот на БЈБ Веднаш по изјавата на Тасевски, реагираа началниците на СВР Скопје, СВР Штип, СВР Струмица и СВР Охрид, кои застанаа на страната на Чулев и побараа извинување од директорот на БЈБ, пренесе 360 Степени.

Началникот на СВР Скопје, Ристо Ставревски во писмена изјава до медиумите напиша дека министерот Чулев е тој кој што дава поддршка за неселективната борба против криминалот, додека директорот Тасевски се занимава со дневна политика. И началникот на СВР Штип Александар Николов реагира на ист начин истакнувајќи дека е горд што е дел од тимот кој како што вели, „ја менува сликата на работењето во Министерството за внатрешни работи“.

-Горд сум што сум дел од високата раководна структура во Министерството со кое раководи министерот Наќе Чулев, кој пожртвувано се бори за правата на полициските службеници кои успешно се справуваа во борбата против пандемијата на ковид – 19“, се вели во писмената изјава на првиот човек на штипската полиција. Началникот на СВР Струмица, Васил Тодоров исто така вели дека министерот Чулев до сега секогаш се залагал за целосно почитување и спроведување на законот, додека началникот на СВР Охрид, Илија Милески наводите во изјавата на директорот Тасевски ги нарекува „чисти лаги“. „Јас, а верувам и ниту еден од моите колеги нема кажано таква изјава и во таа насока инсистирам во иднина да престане злупотребата на моето име и името на моите колеги во политички цели, но и генералното злоупотребување на полицијата со такви намери – напиша Милески во изјавата.

Началниците кои денеска му дадоа поддршка на Чулев се дел од назначувањата кои ги направи техничкиот министер за внатрешни работи веднаш по преземањето на функцијата во јануари годинава. За некои од нив, како за првиот човек на СВР Скопје Ристо Ставрески тој дојде во судир со дополнителна заменик министерка Славјанка Петровска.

повеке

Back to top button
Close