Украина: Нападнат воз со 600 патници кај Одеса


Руските сили денеска нападнале воз што сообраќал кон украинскиот град Одеса со речиси 600 патници, меѓу кои и 15 деца, објави началникот на регионалната воена администрација на Одеса, Олег Кипер, на својот Телеграм канал.

– Непријателот намерно нападна патнички воз. По првиот удар, кога спасувачките екипи почнаа да ги евакуираат патниците, имаше втор напад. За среќа, никој не беше повреден, рече Кипер, посочувајќи дека имало 593 патници.

Според неговите информации, по првиот удар, возот од Житомир до Одеса, кој во тој момент се движел во регионот Одеса, бил итно запрен. За време на нападот, локомотивата се запалила.

Надлежните служби на регионалната воена администрација на Одеса ги евакуирале патниците од местото на нападите.

Back to top button
Close