46-годишен велешанец е повреден во несреќата при пад на автомобил на железничката пруга кај велешко Долнодуќани

Велешанец на 46-годишна возраст е повреден, кога неговото возило марка Матиз утрово падна на пругата Велес – Гевгелија, кај месноста Долнодуќани. Лекарскиот тим на итната медицинска помош, кој утрово околу 8:25 часот добил повик за сообраќајна несреќа, му пружил прва помош на возачот, објави Батали.нет.

„Во моментот на пружањето помош, повредениот беше во свесна состојба, со повреда на главата, крварење од нос и болки во коленото. Повредениот е згрижен на лице место и транспортиран на хирушкото одделение на велешката болница за понатамошен третман“, рече др. Васе Пановска Поп-Стефанова, началник на Итната медицинска помош во Велес.

Возачот бил сам во автомобилот, а се движел во правец на Стар мост, кога прво удрил во столб покрај патот и излетал со на пругата, по што возилото се превртело на покрив.

Полицијата изврши увид на местото на настанот, а автомобилот со дрезина на Македонски железници беше отстранет од пругата и пренесен кон железничката станица во Велес. По краткиот неколкучасовен прекин, железничкиот сообраќај на пругатa продолжи.

Back to top button
Close