4news: За „Пулс“ уапсен и Драган Паунов, вработен во УЈП и брат на претседателката на Кривичен суд
Обвинителството во рамки на истрагата за трагедијата во Кочани покрена постапки против повеќе лица поврзани со корупција, злоупотреби и фалсификување документи.

Според информациите, притвор ќе се бара и за Драган Паунов, вработен во УЈП – Штип, кој се сомничи за примање поткуп по член 357 од Кривичниот законик и за оддавање службена тајна по член 360. Паунов е лишен од слобода, пренесе 4news.
Паунов е брат на в.д. претседателката на Кривичниот суд – Скопје, Даниела Димовска, а истрагата покажала дека тој бил во постојан контакт со синот на газдата на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов – Деко.
Комуникацијата меѓу нив е дел од доказниот материјал, објави 4NEWS.mk Во сторијата на ИРЛ беа објавени пораки помеѓу Михајло Јованов и инспектори од УЈП, ДПИ и полицијата. Се посочуваат дојави до дискотеката пред инспекциски контроли, сомнежи за поткуп низ подароци и информации дека полициски инспектори биле редовни гости иако локалот работел без исполнети услови.
Покрај Паунов приведени се уште 10 лица, службеници, вработени и раководни лица од Управата за јавни приходи и од Државен пазарен инспекторат се опфатени со проширената истрага поврзана со пожарот и работењето на дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 млади луѓе, а повеќе од 200 беа повредени.
Дел од лицата се уапсени, а против сите се покренати кривични пријави за разни кривични дела, од злоупотреба на службена положба, примање поткуп, до фалисификување исправи






