50 серии што мора да ги изгледате во 2024 година (втор дел)

Со актерски имиња како Кејт Винслет, до Софи Тарнер и Бенедикт Камбербач, сериите годинава ќе отсликаат и неколку добри романи, но и разни историски или научно-фантастични приказни. Прочитајте за најдобрите 50 серии кои излегуваат годинава!

 

Господари на воздухот (Masters Of The Air)

Дуото Спилберг/Хенкс со сериите „Бандата браќа“ и „Пацификот“ со фокус на Втората светска војна овој пат завршува со „Господари на воздухот“.

Како и претходните две и оваа серија ќе биде запаметена по лансирањето на 12 млади актери во стратосферата.

Господин и Госпоѓа Смит (Mr and Mrs Smith)

Оваа серија е базирана на 20 години стариот шпионски трилер, но нема баш лесен ТВ почеток.

Адаптацијата првично беше најавена како соработка помеѓу Фиби Волер Бриџ и Доналд Гловер, но откако Волер-Бриџ си замина, а ја замени Маја Ерскин, почетокот на емитувањето беше поместен од 2022 до 2024.

Еден ден (One Day)

Книгата од Дејвид Николс, конечно го добива носталгичниот третман што го заслужува збогатен со многу хумор и неверојатен саундтрак.

Лео Вудал е совршен во улогата на привилегираното, но сепак ранливо пош момче Декстер, а Амбика Мод ја носи извонредната комедија во улогата на Ема.

 

Новиот изглед (The New Look)

Серијата е драма за тоа како Кристијан Диор и Коко Шанел ја создаваат новата мода од жарот на Втората светска војна.

Бен Менделсон е Диор, Шанел е Жилиет Бинош, а Мејси Вилијамс е сестрата на Диор, Кетрин. Ова е елеганција во најава.

Палм Ројал (Palm Royale)

Кристен Виг и Лора Дерн се дел од актерската екипа на оваа серија за дами од високото општество кои ручаат во Палм Бич во 1969 година.

Максин (Виг) се обидува да се инфилтрира во елитниот клуб како нивен член но наскоро е фатена поради кражба на облека од високата мода на една стара госпоѓа. Во серијата глуми и Рики Мартин како злобен келнер.

Проблемот на тројното тело (3 Body Problem)

Базирано на научно-фантастичните книги на кинескиот писател Лиу Чишин Remembrance of Earth’s Past, ова е обидот на Нетфликс за ненадминлива серија како „Игра на тронови“.

Сместена во иднината, сегашноста и минатото кога Земјата се соочува со вонземјани оваа серија ја носи Дејвид Бениоф од „Игра на тронови“ и ДБ Вајс со Александар Ву.

 

Доктор Ху (Doctor Who)

Конечно е време да видиме што ќе понуди Нкути Гатва. За среќа, Гатва е млад, харизматичен и прекрасен, а Расел Т. Дејвис е повторно на чело на Доктор Ху.

 

Отпадникот Нел (Renegade Nell)

За режисерката Селин Веинрајт оваа серија би требало да е победничка.

Во драмата од минатото за најзастрашувачката жена Кетрин Ферерс позната и како „Зла дама“, ограбувачката на автопати во Англија во 17 век, глумат Луиза Харланд, Адриан Лестер, Џојли Ричардсон и Ник Мохамед.

Куќата на Змејот (House of the Dragon)

Иако, првата сезона беше малку конфузна со менувањето на актерите и ненајавените временски скокови, сепак крајот беше врвен. Последно што видовме од Ренира е дека нејзиниот син е убиен од вујко ѝ. Ако погледот во нејзините очи беше предвесник, можеби втората сезона ќе биде чиста одмазда.

 

Џентлмен во Москва (A Gentleman in Moscow)

Адаптација на романот од 2016 година на Амор Тоулс, оваа престижна серија е драма за Болешвичката револуција во раниот 20 век. Еван МекГрегор е лико Александар Илич Костов, аристократ кој е осуден животот да го помине во домашен притвор.

кон првиот дел

Back to top button
Close