Неделков од СОНК за Бирн: Краен рок за повисоки плати на наставниците е 20 септември

БИРН: Што доколку нема решение да се зголеми платата годинава?

Неделков: Тогаш највисокиот орган на одлучување, Советот на СОНК ќе одржи седница, на која ќе расправа за преговорите и за евентуалните понудени можности и Советот ќе донесе одлука што понатаму. Во овој момент и премногу е рано, а и јас како претседател немам овластувања да кажам што понатаму, сè додека Советот не донесе одлука. Членството реагира со огромно незадоволство. Луѓето се револтирани. Тоа е и очекувано. Кога можеше цел јавен сектор од март досега да се усогласи, освен во образование и здравство, испаѓа дека овие дејности се најнебитни во општество за да имаат релативно најниски плати.

БИРНДо кога е рокот што ѝ го давате на владата за преговори?

Неделков: До средината на септември, поради тоа што по 20 септември се подготвува платата што се зема меѓу 10 и 15 октомври. Значи, реално, крајниот рок е меѓу 15 и 20 септември. Сите опции потоа, ако не се стигне до договор, се можни, но што ќе испадне од тоа, во овој момент не може да прејудицирам. Членството е незадоволно, меѓутоа кој чекор ќе го преземеме, не знаеме. Сè уште сме во преговори и можеби некакво алтернативно решение ќе се најде. Мислам дека синдикатот не е подготвен за одложување на покачувањето како алтернативно решение, но ајде да видиме што ќе биде на преговорите.

Целото интервју со председателот на СОНК на БИРН.МК

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close