Десет години не смее да влезе во Бугарија адвокатот Менкиноски, кој ги застапува тамошните Македонци во Стразбур

 

Бугарските власти му изрекле забрана за влез во државата во следните десет години на адвокатот Тони Менкиноски, објави тој, најавувајќи прес-конференција на која ќе ги изнесе деталите за случајот и оценувајќи дека станува збор за „скандалозна одлука“ и директен притисок врз неговата работа.

„Станува збор за директен напад врз мојата адвокатска дејност и обид за замолчување на мене, како правен застапник на Македонците во Бугарија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур“, наведува Менкиноски во поканата до медиумите.

Тој најави дека на прес-конференцијата ќе ги образложи можните причини за оваа одлука, како и последиците што, според него, произлегуваат од повредата на човековото право на слободно движење и вршење на адвокатската професија во земјата каде што живеат Македонци чии предмети ги застапува.

Менкиноски вели дека јавноста треба да биде информирана за „меѓународниот правен преседан и притисоците со кои се соочуваат бранителите на човековите права“.

Back to top button
Close