79-годишен скопјанец претепан од возач на автобус, завршил во болница

Вчера (09.01.2026) околу 08:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Бањани, скопско, М.В.(79) од Бањани, бил физички нападнат од Г.Г., возач на автобус број 61.
Како што се наведува во полицискиот билтен, 79-годишниот скопјанец кој претходно се превезувал во автобусот, но откако се симнал од него настанала расправија, по што бил нападнат од Г.Г. и при тоа се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ Скопје.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Извор: skopjeinfo.mk






