89-годишната жена ужива патувајќи сама низ светот

Сè започнало со крај: раскината свршувачка и скршено срце. Во јануари 1956 година. Тогаш Џој Фокс, 20-годишна девојка од малото крајбрежно местон Вивенхо во Англија, почнала да размислува за светот надвор од нејзиното село.

Фокс потекнува од финансиски скромно семејство, растела во текот Втората светска војна, и никогаш не патувала. Но, се потсетила на приказните што мајка и и ги раскажувала за патувањата во Египет, Кина и Индија со таткото на Фокс кој бил мајор. Постариот брат на Фокс, Алан, често раскажувал за неговите патувања во Венеција и за убавината на градот.

Со тие мали приказни за инспирација, често расплакана поради изгубената љубов, одлучила дека дошло нејзиното време. Го продала својот веренички прстен и со приходите се впуштила во новооткриената страст – истражување на светот.

„Немам поим како стигнав до Довер и се качив на траект“, раскажува Фокс. „Но, тогаш продолжив со воз преку Франција и Швајцарија за Италија. И тогаш прв пат почувствував како е да се биде далеку од дома“.

Сега, на 89 години, Фокс продолжува да го истражува светот со истото задоволство и ентузијазам како и на 20-години. Таквиот авантуристички дух неодамна и ја донел наградата JourneyWoman Евелин Ханон која им се доделува на жени кои патуваат сами од JourneyWoman, глобална организација посветена на промовирање на соло патување за жени над 50 години.

-Не знаев дека сè уште ќе патувам на оваа возраст“, ​​вели Фокс. „Но, тоа што сум благословена со добро здравје значи дека сè уште можам да видам уште повеќе од светот“.

 

Сè започнало во Италија

Првиот излет во светот бил весело двонеделно истражување на Италија што ја оставило инспирирана и охрабрена. Се спријателила со Италијанец кој и ги покажал Портофино, Рапало, Милано и многу повеќе.

„Го запознав Луиџи на еден танц, а тој ме прошета низ италијанската ривиера“, се сеќава Фокс. „Единствениот проблем беше што сакаше да ми ги покаже сите цркви, но јас не бев соодветно облечена, па не можев да влезам во ниту една од нив“, низ смеа се сеќава Фокс. „Но, сега сум попаметна и секогаш носам шал. Кога поминале двете недели патувањето ја исполнило својата цел. Не само што скршеното срце на Фокс било зацелено, туку таа се вратила дома чувствувајќи се многу похрабра. Родена била нова светска патничка.

„Се вратив чувствувајќи се многу подобро со самата себеси, со вратена самодовербата“, вели Фокс. „И Луиџи ми испрати прекрасни фотографии од нашето време заедно.

Во текот на следните години, семејството на Фокс се преселило од Англија во Ванкувер, Канада. По состанок на слепо што резултирал со шестнеделно додворување, Фокс се омажила и основала семејство. ЉСледното поглавје од нејзините патувања вклучувало авантури со децата, честопати на кампување.

„Мојот сопруг беше кампер и некако ми помогна да ја разберам природата… сакаше да ги видиме сите водопади и реки“, вели Фокс.

Семејството на Фокс, која добила три деца, истражило голем дел од западниот брег на САД. И кога ппрадо кариерата на нејзиниот сопруг се преселиле во Онтарио, на источната страна на Канада, семејството направило авантура и од тоа, возејќи низ поголемиот дел од Канада. Потоа, продолжиле со истражувања на Соединетите Држави, овој пат источниот брег

Подоцна, кога децата на Фокс пораснале, а нејзиниот сопруг бил окупиран со службени патувања, Фокс соло патувањата. Продолжила да го прави тоа и откако нејзиниот сопруг починал во 2015 година. „Мојот сопруг ми рече „Оди и направи го тоа“, а јас сè уште ја имв желбата за патување, па тргнав низ Европа. Сум била насекаде во [Соединетите Држави] и Канада“, рече Фокс. „Отидов во Монако, Австралија, Нов Зеланд и Куковите Острови.

За нејзиниот 65-ти роденден, Фокс отишла на специјално патување во Шкотска за да ја истражи земјата во која е родена, но ја напуштила на три години кога нејзиното семејство се преселило во Англија. За време на тоа тринеделно патување, Фокс шетала – од нејзиното родно место во касарната на Royal Scots во Единбург до локацијата каде што нејзиното семејство конечно замина од Шкотска.

„Ги оставив тие духови“, рече Фокс, размислувајќи за тоа искуство, за кое рече дека станало едно од најдрагоцените спомени од патувањата. „Шкотска ми е омилена само затоа што јас сум родена таму. Но, имав и момент во Шкотска, беше самрак, а еден гајдач ја отсвири The Lament…“ нејзиниот глас се смири. „Тоа се моментите што ги сакам“.

За 84-от роденден, Фокс ја посетила Норвешка, создавајќи уште едно сеќавање „Гледањето на северната светлина за мојот роденден беше неверојатно“, вели таа. Друг пат ја посетила Австралија, каде го истражувала Големиот корален гребен, и покрај фактот што се плаши од вода. Во Нов Зеланд изнајмила автомобил и ја истражувала целата земја, па отишла дури и да плива со делфини.

„Мислев дека никогаш нема да можам да го направам тоа, се плашам од вода“, објаснила Фокс. „Но, [водичот] рече: „Тука сме, си платила за да го направиш ова, па направи го“. Така го направив тоа и многу ми е драго што го направив…врескав цело време…од возбуда“.

Делфините пливале во водата околу неа толку блиску што можела да ги допре. Жената која била преплашена од вода вели дека си помислила: „О, боже, никогаш нема да ми се случи нешто подобро од ова“.

 

Совети за други патници

Децениските соло патувања ја научија Фокс многу за тоа како сама да се движи низ различни делови на светот. Најважно, вели таа, е да се чувствувате удобно со сопственото друштво. Таа препорачува да одвоите време за да се подготвите за првото соло патување така што прво ќе истражувате локално.

„Излезете и јадете неколку пати, за да сте навикнати да јадете сами кога ќе одите во странство“, советува таа. „Ми се допаѓа сопственото друштво, среќна сум како соло патничка, но важно е да се навикнете на [тоа]“

За планирање на патувањето, понекогаш Фокс користи помош од туристички агенти. Понекогаш сама го прави планот. А во ретките прилики кога патува со групи, во некој момент се одвојува и шета сама

При изборот на дестинации, безбедноста и е на прво место, која често резервира сместување на места кои се во сопственост на жени. Ова, вели таа, и обезбедува дополнително чувство на сигурност.

„Не барам туристички активности кога патувам. Барам работи што ме исполнуваат – како гледање китови”.

 

Незавршени цели за патување

На 89-годишна возраст, Фокс вели дека повеќе не може да трча низ светот со голем ранец – и операцијата на ‘рбетниот столб во 2018 година поради оштетување на нервите донекаде ја забавила – но таа сè уште ноншалантно ја дополнува долгата листа со планови за патување, именувајќи ги местата кои се надева дека ќе ги посети во иднина.

Фокс планира да биде во Малта з 65-годишнината од бракот подоцна оваа година. Потоа, ќе ја посети Италија, овој пат на турнеја со хорот во кој пее. Се надева дека ќе организира специјално патување за да го одбележи нејзиниот 90-ти роденден.

Фокс додава дека размислувала и за пешачење по патеката Камино де Сантијаго во Шпанија, долга 825 километри која поминува низ некои од најневеројатните предели во Европа. Таа цел е застрашувачка дури и за најискусните планинари.

„Сакам да го направам тоа бидејќи мислам дека не можам“, објасни таа. „Но, кој знае? Можеби можам.

Извор: BBC

Превод: Лени Фрчкоска

 

 

Back to top button
Close