Ковид-19: Во Бразил речиси 600 смртни случаи и над 26 илјади заразени за едно деноноќие

 

Бразил во последните 24 часа регистрираше 599 смртни случаи од последиците на Ковид-19, соопшти Министерството за здравство.

Од последниот пресек заразени се уште 26.310 лица, пренесува Гардијан.

Во таа земја вкупно 4,9 милиони луѓе биле заразени, а 145.987 лица починале како резултат на новиот коронавирус.

Бразил е на второ место во светот според бројот на смртни случаи, по САД и на трето место според бројот на заразени, по САД и Индија.

Back to top button
Close