Во петок (!), Османи ќе го расчистува патот Скопје-Софија по кој треба да поминат Заев и Борисов: да го мобилизираме македонскиот јазик и да го испратиме во битка!?

На праведните и Бог и помага!Па, тоа е негова работа. Да им вдахне верба на праведните, да им даде сила и храброст на мудрите.

Кој очекуваше дека толку многу пријатели – истомисленици, толку учени глави, ќе собере професорот Ивајло Дичев, за да кренат глас против замената на темите, односно негаторската политика и секојдневна практика на официјална Софија: “најголемата тема што ја имаме во овие години – да и помогнеме на Северна Македонија да влезе во ЕУ, да ги подигнеме границите меѓу нас и да станеме дел од едно политички простанство за кое мечтаеле нашите предци“?

Шефот на дипломатијата, Османи вели дека во петок(!), ќе го расчистува патот по кој подоцна треба да поминат премиерите Заев и Борисов. Вели дека средбите ќе помогнат за да се надминат недоразбирањата, стериотипите.

Тешко! Вообичаено, недоразбирањата се надминуваат измегу оние кои недоволно се познаваат, што не е случај во актуелниов македонско-бугарски јазичен и идентитетски спор. Премногу доибро се познаваме!

Старата латинска мудрост вели дека лугето имаат онолку глави (вредат) колку што јазици познаваат. И колку јазиците да ни се блиски, истото се однесува и за Македонците, односно Бугарите. Македонците и Србите. ..

Верувам дека Бугарите, како народ го знаат тоа. Препоставувам дека и Бојко, како поединец, го знае тоа. Дури и да поминеше, пред Сталин, идејата на нивниот голем водач, интернационалистот Ѓорѓи Димитров, кого, денеска, тие сакаат да го заборават, за живот во една држава, федерација со Бугарија, и во тој случај, ние ќе говоревме на македонски, а тие на бугарски јазик. Исто, како што тоа беше случај со српскиот јазик.

Самиот, додека работев во тогашната југословенска новинска агенција ТАНЈУГ, српскиот (тогаш српско-хрватскиот) јазик, го знаев, безмалку колку и секој Србин, или Хрват.Затоа што ми беше потребен. За да се вклучам во живо, да речеме – со извештај од Вевчани, или Тирана, во нокој од тогашните ТВ центри, јазикот ми беше основната алатка.

Тоа е прашање на чиста прагма. За ова ќе споделам една животна случка, токму по прашањето на бугарскиот јазик. Во втората влада на Бранко Црвенкоски, после изборите од 2002 година, ми падна во задача, во Софија, да организирам средба со тогаш водечките уредници и сопственици на највлијателните бугарски медиуми.

Премиерот требаше да се сретне со неговиот пријател Станишев, во тоа време опозициски лидер, а да биде примен и од тогашниот бугарски претседател Прванов.

Во Софија имав поприлично влијателкен пријател, колега – Стефан Велевф, те на Шефот (и Шефицата!) им предложив да го исползуваме во наш интерес. Шефицата беше толку опитна, што полетувањето на владиниот авион од Скопје го закажа во 19 часот вечерта, таман кога во Софија беше закажана средбата. Не мора сите да знаат дека Бугарите го пресметуваат времето, еден час пред нас!

Средбата се одржа во хотелот Балгарија, во конференциската сала на последниот кат. Седнав на ртаботната маса, покрај премиерот Црвенкоски, од другата страна тогашниот наш амбасадор, режисерот и подоцножен спокер во парламентот, Љубиша Георгиевски и преведувачката, што Љубиша беше ја донел да ни се најде во мегусебното (не)разбирање.

Непосредно пред да ја отворам средбата, на премиерот му велам да не се преведува. Да не губиме време во преводот. Овој прекорно ме гледа, а Љубиша си молчи. Нејсе, упорноста се исплати, нема преведување: “на моја одговорност!”.

Ја прифатив одговорноста, средбата мина во најдобар ред (од Скопје допатува и бугарскиот амбасадор, чинам токму оној што денеска е пандан на академик Ѓеорѓиев во мешовитата комисија!), а утредента Љубиша донесе три тома клипинзи – исечоци од бугарските весници. вели дека тоа не се случило дотогаш, да има таков медиски интерес и пласман.

Нејсе, наредниот ден ќе одиме кај президентот Прванов. Tаму за мене никаква улога, само гостин.Љубиша повторно ја донесе преведувачката. Само што ја изговори првата реченица, се изгуби, се онесвести!!!

Знам дека оваа приказна ќе му годи на бај Борко. Ова за онесвестувањето.

На почетопкот ја искористив латинската мудрст: Quot linguas values, to kaputas kales!

Македонците, исто така, си имаат древна, народна мудрост:јазикот коски нема, ама коски крши!

Ако крши коски, тогаш крши и глави. Време е значи, да се опаметиме. Проблемот, повторувам, не е во непознавањето, туку во преголемото познавање. Ние со Бугарите си ги знаеме сите вредности,ама и сите мани.Нема потреба од замижување. Нема потреба од фрустрации. Што е виновен Бојко Б орисов, за тоа што некогашните бугарски државни глави, секогаш застанувале на погрешната страна од историјата. Освен во денешново време, со нивното членство во НАТО и ЕУ.

Што е денеска Ангела Меркел виновна за постапките на челниците на фашистичка Германија? Еден од најголемите повоени германски водачи, Вили Брант, не падна од власт затоа што отиде да се поклони пред жртвите во Аушвиц, туку за бедни десетина илјади тогашни германски марки, нелегално залутани во партиската каса!

Историјата ја пишуваат победниците. Бугарија во Втората Светска војна не беше тоа. Мене не ми пречи, ако Борисов се поклони пред моштите на Гоце Делчев. Не ми пречи ако го слави во Бугарија.Напротив! Ќе му аплаудирам. Ама и со нозе и со раце ќе му аплаудирам ако ја наведне главата пред паметникот на стреланите младинци во Ваташа. Светот ќе му аплаудира. Така се расчистува со минатото кое сакаме да го заборавиме.

Заборав нема, има опрост!

Тоа е христијански, тоа е човечки, тоа е доблесен чин. За да заборавиме, ние од постарата генерација, против кого татковците ја водеа војна пред скоро 8 децении, трерба да заборавиме на 11 октомври и почетокот на востанието во Прилеп, со нападот врз Учестокот! Таква заборав нема!

Ако прифатиме дека бугарските окупаторски војски биле ослободителни, тогаш сме прифатиле дека сме квинслишка територија!

Изминатиот викенд ,во Црвена Вода, славевме 77 години од издавањето на Манифестот до македонскиот народ на Главниот шптаб на НОВ и ПОМ. Објавен на македонски јазик, во партизанската печатница. Таму многу прецизно, на мојот мајчин јазик, пишува против кој окупатор и против кои квислинзи се води војната.

Да заклучам, нема цена за јазикот и идентитетот. Нема ниту европска, ниту било каква иднина – без јазикот и идентитетот. Јазикот е нешто повеќе од само политика, од само оспстојување на власт.

Во основата на англискиот јазик, лингвистите велат дека е латинскиот. Што пак значи, во конкретниов случај, англискиот јазик, едно потсетување за еден од највештите во неговата употреба, славниот колега Винстон Черчил, можеби единствениот од големата ЧЕТВОРКА светски лидери кој 6 децении опстојувал на политичката сцена, видел, или водел две светски војни, уште и учесник во Куба, Судан и Јужна Африка… И секогаш победувал со силата на јазикот и аргументите.

Во 1963 година Черчил е прогласен за почесен граѓанин на САД. Лично, од еден од најсаканите лидери во западниот свет – Џон Ф. Кенеди, кој, во таа прилика, се обрати кон Черчил и светот: “тој го мобилизираше англскиот јазик и го испрати во војна!

Самиот, пак, на прославата на неговиот осумдесетти роденден (умре на 90 години), во Вестминстер хол, во Лондон, на присутните им рече: “ако суим ги нашол вистинските зборови, тогаш запомнете дека отсекогаш сум заработувал со моето пенкало и со мојот јазик.

Веле Митаноски

Back to top button
Close