Брат му на Заев, Бојко е помладиот, или постариот!?

Го разбирам другарот Заев, кога вели дека јазично – идентитетското спорење со братјата од Истокот, ќе го реши со брат му Бојко.

Би било логично она што не го дава внучката Екатерина, да го даде баштата.

Oште повечко, ако баштата, како во случајов, е и шеф на Кабинетот.

Но, има нешто тука што, сепак, ми го мати умот! Знаете, како оној, изневерениот маж, балканец – со јогуртот!Се му било јасно, од она што го гледал, но, не му била јасна претходната употреба на јогуртот!

Што ако внучката, не е само внучка? Што ако шефицата, не е само шефица?

Знаете, по Балканите тоа не е ретка појава. Кога самиот бев во Кабинетот, односно во владините одаи, имавме шеф. Море, не шеф – ШЕФИШТЕ! Ама и над шефот, имавме – ШЕФИЦА!

Тоа го знам од лично искуство. Како што знам, дека сашто като исто, беше и во столицата на страната од истокот, и со еден од претходниците на Бојко.

Станишев, ли беше!?

Другарот Заев ни должи уште едно објаснување. Не е за потценување прашањето: дали Бојко му е помлад, или постар брат? Ако е помлад – и така и така. Ако, пак, е постар, тогаш, ептем, сме го обрале бостанот!

Знаете, по Балканите, не е лесно да си помлад брат. Ја знаете онаа народната: (од пристојност не кажувам што да си!), ама, дури и тоа да си (!), само помлад да не си!

Седи ѓе си, за и ѓе си – ниси!

Моето лично искуство е сосема обратно (стрико ми Јонче, велеше: куте, куте за очи!), ама тоа е друга приказна.

Си биле двајца браќа, таму некаде по Балканите, се дури до Црвена Вода. Си живееле согласни, си се потпомагале, во работата, во женачките – заедно си грабнувале девојка за жена, сопругаа! Има да биде Онаа и готово! Јонче дури велеше дека неговата низ оџак ја извлекол, им ја украл!? Дури од соседното село, Песочани.

Но, не можете да го запрете времето. Тоа минува, барата мала, а многу крокодилчиња! Ќе се делат.Што имало по две, по три, или четири од покуќнината – лесна делба.Котелот, како единствен, го оставиле за на крајот. Двајца, а еден котел! Тргале кусо-долго. Десет пати долгото му паѓа на помалиот! Десет пати,поголемиот бара прегласување, повторно влечење! Се до единаеесеттиот пат.

Е, сега, објасни им на помладите дека поминало времето на котелот!

Јас дури мислам дека Заев ќе помине како мене, дури и да му е постар брат на Борисов. Ќе прашате – како?

Многу едноставно, многу разбирливо. Бојко беше шеф на охраната, првиот од момчетата кои го обезбедуваа Тошката. Президента Тодор Живков.

Бојко добро ја има научено лекцијата од тоа време, дека официјална Софија (ајде да не речам Бугарија и да не ги мешам тука и бројните пријатели, Бугари) НЕ СИ СЕ МЕШАШЕ ВО СВОИТЕ ВНАТРЕШНИ РАБОТИ!”. Си ги чуваше рацете чисти, оставаше Москва да си ги валка”!

Бојко сега мора да се ослободи од таа фрустрација. Мора да се меша во ваншните вопроси! Нам да ни кажува на каков јазик да зборуваме. Утре, на Србите ќе им заповеда историјата да си ја избришат.

Имено, и таму немаше окупаторски војски на цар Борис во Втората светска војна!?Немаше ниту во Грција, ама, таму Черчил беше постариот брат.

Веле Митаноски

Back to top button
Close