Израел: Поранешниот лидер на Заедничка листа – Одех осомничен за примање пари од странство

Поранешниот лидер на израелската арапска Заедничка листа, Ајман Одех е осомничен дека примил неколку стотици илјади долари во готово од странски извор – јавија денеска израелските медиуми.

Според нив, директорот на израелската безбедносна служба Шин Бет – Давид Зини побарал Одех и четворица арапски политичари, меѓу кои лидерот на партијата Раам – Мансур Абас, лидерот на партијата Та’ал – Ахмад Тиби и лидерот на партијата Балад – Сами Абу Шехадех да бидат испрашани како дел од истрагата за можно странско мешање во парламентарните избори, што се одржаа на 27 октомври.

Одех во моментот е пратеник во Кнесетот, но неговиот мандат истекува следната недела кога новите пратеници би требало да положат заклетва.

Израелската државна обвинителка Гали Бахарав-Миаре изјави дека никој не може да биде испрашуван без доволно докази.

Во меѓувреме Шин Бет негираше дека побарала испрашување на четворицата политичари истакнувајќи дека побарала испрашување на луѓе блиски до нив.

Истрагата на Шин Бет за наводно странско мешање во изборите Одех ја оцени како „политички прогон“.

Back to top button
Close