Авионот што требаше вечерва да слета во Москва сврте и се враќа во Белград; се претпоставува дека во него се Вулин, Бајатовиќ и Поповиќ.

Авионот што вечерва полета од аеродромот „Никола Тесла“ кон Москва се враќа во Белград, а според неофицијалните информации на порталот Nova.rs, во него се наоѓале претседателот на Движењето на социјалистите, Александар Вулин, директорот на „Србијагас“, Душан Бајатовиќ, и претседателот на Српската народна партија (СНП), Ненад Поповиќ.

Како што дознава nova.rs , авионот со број на лет JU134 полетал во 18:48 часот и стигнал до град во јужна Литванија, кога била издадена наредба за враќање во Белград, наводно од безбедносни причини.

Back to top button
Close