Баро: Резултатите од американските меѓуизбори се одлична вест за американската демократија

– Убедливата победа на демократите на меѓуизборите во САД, обележана со „апсолутно рекордна“ излезност на гласачите, како и со признавањето на поразот на републиканците од страна на американскиот претседател Доналд Трамп, е „одлична вест за американската демократија“, изјави денеска шефот на француската дипломатија, Жан-Ноел Баро, цитиран од француските медиумиу.
„Резултатите се неспорни и никој не ги оспори. Самиот американски претседател ја препозна и потврди исклучително добрата работа на кандидатите на Демократската партија. Затоа, ова е многу добра вест за американската демократија“, изјави министерот Баро пред француското Национално собрание.
„Ова е уште еден доказ дека во демократските системи луѓето се тие што ја пишуваат својата историја и никој – ниту алгоритмите, ниту приватните интереси, не можат да го сторат тоа наместо нив“, додаде францускиот министер за надворешни работи.






