Хутите изведоа нов напад врз аеродромот во Ријад

Јеменските бунтовници Хути денеска соопштија дека повторно го нападнале аеродромот во Ријад откако Саудиската цивилна одбрана рано утрово издаде кратко предупредување за „потенцијална опасност“ во областа на главниот град на кралството, објавија француските медиуми.

Портпаролот на оваа проиранска милитантна група, Јахја Сарија, изјави дека Хутите „спроведоа операција против Меѓународниот аеродром „Крал Халид“ во Ријад користејќи балистичка ракета“.

Смртоносните напади на Хутите го принудија аеродромот минатиот месец  да биде две недели затворен, пред кон крајот на октомври делумно да ги продолжи своите операции.

Хутите и саудиските сили, кои ја поддржуваат јеменската влада, од октомври речиси секојдневно разменуваат воздушни удари, откако јеменскиот конфликт продолжи во јули, отворајќи нов фронт во војната на Блискиот Исток по четири години релативен мир во земјата.

Саудиската цивилна одбрана утрово соопшти дека е издадена „тревога за потенцијална опасност“ во покраината Ријад, која подоцна беше укината.

Back to top button
Close