Изложба „365 селектирани фотографии“ на Ненад Пивко

Во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево вечерва согласно здравствените протоколи ќе биде отворена изложба на фотографии „365 селектирани фотографии“ од Ненад Пивко.

Изложбата е составена од 365 фотографии направени во текот на една година. Понекогаш дневно е правена само една фотографија, а понекогаш повеќе фотографии, но избрана е само една со која е означен денот.

– Една од добрите работи е тоа што авторот е вклучен во процесот на природата низ четирите сезони, така што во целост ги опфатил временските услови низ годината. Поголем дел се фотографирани во околијата на градот Кичево, но има и фотографии направени во Скопје, Охрид и Албанија, вели Маја Николоска Силјаноска од Центарот за култура во Кичево.

Изложбата ќе биде отвори вечерва во 19 часот, а бројот на гости ќе биде ограничен поради почитување на здравствените протоколи.

Back to top button
Close