Терористички напад во Виена, повеќе жртви и повредени

Австриската полиција потврди дека повеќе лица се загинати и повредени во напад во центарот на Виена кој се уште е во тек. Полицијата се сомнева дека повеќе напаѓачи се инволвирани во нападот, пишува Дојче веле

Во терористички напад, кој се уште е во тек, во австрискиот главен град Виена најверојатно има повеќе жртви и повредени, потврди министерот за внатрешни работи Карл Нехамер. Тој вели дека властите се сомневаат дека повеќе осомничени напаѓачи се вмешани во нападот и се уште се активни.
Од жителите се бара да останат во своите домови.

Österreich Wien | Bewaffnete Polizisten nahe der Oper nach Schießerei im Stadtzentrum (Joe Klamar/AFP)

Првичниот напад веројатно се случил во близина на градската Синагога, иако останува нејасно дали синагогата била цел на нападот. Синагогата веќе била затворена кога започнал нападот.
Австриската новинска агенција АПА јавува за еден убиен напаѓач и за уште еден кој е во бегство.
Во центарот на градот е запрен јавниот сообраќај, а полицијата бара од граѓаните да не објавуваат видеа од настаните за да не ги загрозуваат животите на полицајците.

 

Back to top button
Close