Радев, Захариева и Каракачанов, и колку да се трудат, нема да не натераат да ги мразиме Бугарите како народ

Еден поранешен министер, момче за сите владини ресори, во кои помина како тајфунот ..Ел Нино” (значи Нино!), “ничим изазван” беше напишал, вчера, оти “било факт дека, во кмунизмот, сме имале предмет во училиштата – како да се мразат Бугарите”!? Пиши му умот!
Некако, симултано, бугарскиот претседател Радев, изјави дека, “ќе зе официјализира омразата кон Бугарите”, демек, од страна на Македонците, доколку официјална Софија прифати преговарачка рамка за ЕУ, без условувања од нивна страна. “Не можеме да го ставиме под хипотека нашиот национален идентитет!”, глаголи бугарскиот претседател.
Не бе братко Румен. Не се разбираме добро. Не говориме на
“същт” јазик. И буквално и метафорички. Не сакаме ние да се “официјализира омразата кон Бугарите”, туку Вие лично, барате да се официјализира асимилацијата на Македонците во Бугарија. И не го велиме ние тоа. Тоа ти го кажува твојата министерка, задолжена “за понадвор”! Тоа ти го кажуваат и од европските метропоили и бриселската администрација.
Вие, господин Радев, сметате “че е неопходимо!” “да се одложат преговорите додека не се постигне јасен и обврзувачки договор за расчистување на сите билатерални прашања на Бугарија со земјава. Почнувањето на преговори на земјава со ЕУ, според него, би значело внесување на нерешени проблеми во Унијата и легитимирање на омразата кон Бугарија!”.
Не бре братко Румен. Нема ниту ќе има омраза кон Бугарија, како соседна, пријателска земја, а уште помалку кон бугарскиот народ. Вие, господин Радев, заедно со Бојко со кого кохабитирате како ”кучетата и котенцата”(!), заедно со Захариева и Каракачанов, еве ќе ви ја придодадам и вашата “вицепрезидентка” Јотова, и колку да се трудите, нема да не натерате да ги мразиме Бугарите како народ.
Не оти не читам што се се пишува по социјалните мрежи, но сум сигурен во моето тврдење. Шутраци, неизживеани, недокажани празни лејки, ќе има од двете страни на границата, имало и ќе има. Ама тоа не е доминантно мислење.Тие ќе завршат како оној Гоцев Штипјанчето, кого, откако го искористивте, го пуштивте да шета по бели гаќи, “в столицата ви”!
Еве и зошто. Сите вие, “политиците” не живеете во ова време. Се уште живеете во неко друго, одавна поминато време. Во некое предполотичко доба, во секој случај – неевропско време. Вам Европа, опростите, не ви е природната средина. Вие сте таму насадени, всушност накалемени.
Ние, народите, живееме во едно друго време, време на 21 век, време кога вашите факти и не се факти. Нема факти без содржина, господин Радев. Какви се тие факти,кога госпожа Јотова, подава рака, барајќи Бугари, преку една соседна, суверена земја, членка на ОН, со признат јазик и постоење.
Да, тоа го прави Јотова, во Голо Брдо, Албанија, прескокнувајќи ја Македонија, со една пауза во Охрид, откако ќе го наполне мешето со охридска пастрмка!
Какви се тоа факти, во 21 век, Каракачанов да блада за некаков балкански есперанто, во која заблуда, беше влегол и мојот идол (“соврешенство, или смрт”!), Григор Ставрев Прличев. Но, за моја утеха, Прличе, тоа го направи во добата на на романтизамот, а Каракачанов тоа го прави денес, откако во Охрид,ќе го наполни мешето и на газдите на Рибниот ресторан ќе им подели бугарски пасоши!?
Ние знаеме зошто е вкусна охридската пастрмка и зошто Македонија е најромантиониот дел од бугарската историја! Ние знаеме зошто вие пекате по Григора. Неговата внука, Олга ми е пријателка, доага овде секој февруари, заедно да се поклониме пред коските и сенките на Ловорносецот.
Но, вие не верувате, дека, кога денеска би бил жив, би ви рекол да не одите во Европа, затоашто таму ќе осознаете дека сте “никој и нишчо!” (негови зборови) и дека сте “лицем свеци-срцем в,ци!”. Вие, “политиците”, не народот. “Обаче“ народот си е народ, било каде.
Думатат ми е, што имаат македонскиот и бугарскиот сиромашки народ со предизборните бладања на Каракачанов, Екатерина и Јотова? Зошто тие кутрите, кои едвам преживуваат, а сега, со пандемијата, се доведени, како,впрочем и ние овде, до живот на “руски рулет”, би се оптуварувале со своите и туѓите “политици”, до уши заглавени во криминал и корупција!?
Политичари, современи робовласници! Политичари кои, победуваат на избори и владеат со народот, држејќи го во страв и неизвесност! Политичари кои целиот Балкан го држат во едно, своевидно стгратешкои промашување! Кои водат двојна, неискрена политика! Со свои тешки биографии! Чија оснoвна генерика е криминалот! До “врв глава” поптрошени! Кабадахии од времето на султанмизмот!!!
Зошто просечниот Бугарин, би бил оптоварен со тоа дали Гоце Делчев е Бугарин од администрацијата, или етнички, со бугарски корени? Зошто, во денешно време, една паметна глава, би размислувала како да е вратена назад, во амбиент од пред век, или век и половина?
Што и да бил тогаш, како и да се се декларирал, е само негово лично право на определба. И денеска многумина Македонци, Албанци, Роми (вие “казвате Цигани”!), кутрите, колку за да дојдат до корка леб во европските земји, се декларираат како Бугари, а вие од тоа правите политика!
Еми, нели и во моја Македонија, ќе се најде некој, мој, асли, Македонец, кој за дадојде до корка сув леб, се декларира, наменски, за Албанец! Не го осудувам, како што не ги осудувам и Македонците запишани како Бугари. Од мака го прават тоа, а не од луксуз.
Едно пријателче, мое, и на Каракачанов, охјриѓанче, сега посотојано настането во “столицата”, џамбаз број еден во трговијата со бугарските пасоши, отворено говори дека тие немаат никаква национална суштина (не се факт!), сеедно што и самиот го има, туку, дека имаат само економско-егзистенцијална суштина. Полесно е да се појде во западните земји и побрзо да се дојде до некоја паричка која ќе овозможи каква таква живеачка.Те, нели, вие таму “арестовавте ваши хора”, кои имаа фабрика за производство на Македонци? Хора од “правителството” на братко Каракачанов! Ја заташкавте, затоа што во Европа и светот бевте на потсмев.
“Сашто като исто”, и сега сте на потсмев. Каракачанов, Јотова, вие господин Радев и хубавото Кате, добро знаат дека не е “Немската страна” во Германија, туку е во Македонија и Бугарија. Да поедноставам: еден постар пријател велеше, дека овде е “немачкат(а)”, сиромаштијата, де, а таму се имачката и богатството!
Како тоа во 1946 година само во родината на Катето имаше повечко од 160 илјади Македонци (од вкупшно 252 илјади население), а сега нема ниту еден. И само Стојко Стојков да е Македонец, тоа право не можете да му го оспорувате.
Велите дека, тоа го направил однародениот “политик” Ѓеорѓи Димитров. Му буричкате по коските. Едно да ви кажам, сите денешни “поилитици по Балканите”, на тој горостас, не сте му ниту до колената. Имав прилика, во Охрид, две недели да другарувам со еден од последните бардови на балканското новинарство (од белградска “Политика”) Предраг Милоевиќ.
Известувал од Берлин (Лајпциг), во времето кога Димитров го суделе за палењето на Рајхстагот. На навредите од страна на Рибентроп кон словенството (значи и кон Бугарите), храбро му одговорил: “да, ама, кога ние имавме писменост и азбука, вие германски говоревте само со коњите во шталите, затоа што беше нобл, да говорите француски”.
Гоце Делчев (заедно со него и сите ние Македонците – овде и во расејувањето) никогаш нема да бидеме Бугари по корен, и колку да ги има залутаните и стратешки промашените политици во европското семејство, кои бараат туѓи корени затоа што немаат свои!? Или,пак, се некои нови јаничари! Живеат со некаков синдром! Си ја ишкаат мувата од капата!
Или, пак, треба да тргнеме по досетката за тоа како Хасан, станал Асен!?
Како Катето ќе му ја продаде приказната на современиот свет, дека Македонија мора “малку со добро малку со ќотек” (тој ресенчанецот што стаса до претседател на бугарската влада во царска Бугарија!) да се откаже од минатото, за да живее во сегашноста. Ех мори Кате! Тиквата е еден од националните симболи кај вас, во Бугарија. Има ли, море, Кате тиква без корен!?
Зошто ние Македонците од оваа страна на границата, би се посипувале со пепел, само за да немате проблем вие таму, со вашите Македонци. Еми, Кате, на тоа не ве “натискаме” ние, Брисел и Стразбур “ве натискат”!?
Ние Кате знаеме дека во политиката се користат максималистички барања. Се бара гулаб на гранка, за да се фати врапчето! Умните глави, таму во Софија, ви кажуваат дека ја утнавте со гулабот! Сте ја заборавиле старата дума од Балканите: “който търси рога, ще загуби ушите си”!?
Затоа Кате, секоја чест на бугарскиот народ,ама, сега, твојте ушиња се “червени”! Ти ги “истегли” дада Меркел.Твојот шеф Бојко сега “казват” оти ќе се донесат некакви правилни одлуки со германска помош!”. Еми, ако е така, тогаш досегашните ваши барања биле НЕПРАВИЛНИ!?
Да видиме што денеска ќе донесе амбасадорски состанок во Брисел, кога земјите членки ќе треба да ги усогласат своите позиции во пресрет на министерскиот Совет на кој треба да биде донесена конечната одлука за усвојување на преговарачката рамка со Северна Македонија. Денеска, или во петок. Брзо ќе дојде и 10 ноември.
За германското претседателство ова прашање е од врвна важност, и од самиот почеток Берлин смета дека Северна Македонија мора до крајот на оваа година да ја одржи првата меѓувладина конференција, став поддржан од огромното мнозинство земји членки кои Скопје го сметаат за пример за целиот регион.
Веле Митаноски






