Бојко, на тебе е редот: или ќе влезеш, заслужено, мегу европските државници, како Меркел и Макрон, или ќе останеш заробен во балканската крчма, зависник од политичкиот проматар, Каракачанов

Кај нас, Каракачанов, веројатно, е најспоменуваното презиме во последно време. За жал, по зло! Името, што го носи, пак, е едно од најубавите имиња во Бугарија. Красимир, Краси, Красив….

Каква иронија на судбината. Понекогаш, судбината и прироидата, знаат да се се поиграаат. Кумот направил многу голема грешка. Човек со едно такво име, денеска, уценува еден народ, еден сосед, комшија кој има најдобри намери кон неговата земја Бугарија и кон Бугарите.

Познавав уште еден Красо (Узунов, сопственикот на Фокус” – Бог да му душа прости)кој беше од сосема друга природа. Заседнувавме кај Пендо – Спроти Св.Софија, прв ми се јави кога трагично, драгите Бугари-гости, потоанаа во Охридското Езеро.Еве нека се знае и ова:кога службував во владините одаи, некој јунак!” Македонец,на официјална средба, му го дрпна!” службениот фотоапарат, на фоторепортерот од Фокус, на Красо!!!

Како да му кажам, на Каракачанов, а да ме разбере. Тој е примитивен популист. Селски џамбаз и политички проматар. По осамостојувањето, имавме и ние такви бикчиња!”. Главно, времето ги прочисти. Опскурни пројави од дното, галамџии и патриоти седнати на гајба пиво, пред селска кооператива. Еднаш тоа му го реков на Љупчо Георгиевски, за еден од Охрид. Прво се налути, а потоа ми кажа дека на основачкиот конгрес, на македонското ВМРО, добил најмногу гласови за Централниот комиотет!

Ајде, можеби, вака ќеме разбере Каракачанов: преку една мисла од Путин.Тој ја кажува, но била од башта му”: синко, да знаеш, добриот комшија, ти е покорисен и од највисокиот плот! Ова добро нека го запамети и президентот Радев, зашто тој, се замислува како да е нашиот Ј.Б.Тито: трепкачот на возилото го има вклучено – в лево, за Брисел, а всушност, вози десно – за Москва!?

Ете, таков, Каракачанов опстојува до денес. Лично, сполај му на Бога, не сум го запознал, не сум се ракувал, а сум можел во бројни прилики. Ама, знам многу за него.Најповеќе преку едно момче, од Црногорско село, крај, Охрид, каде живеев во детството.Тој е еден од најголемите производители на Бугари (мислам трговец за бугарски пасоши), ресор во бугарската влада, кој, некако природно, му припаѓа на Каракачанов. Не го дава никому, и покрај сите скандали и докажани криминали!

Каракачанмов го знам, како љубител на Охрид. Последниот пат го видов во хотел Лаки, на некаков НАТО –собир, организиран од Шеќеринска. Мојата партиска љубимица!”.Незнам дали, презимето на Катерина Захариева, би можело да се помакедончи, на пример, како Катерина Зашеќерена, или Шеќеринска, или Шеќерлама!?

На таа средба, еден мој пријател, сега пратеник, посака да го испијам лулето на мирот, те да се поздравам со Шеќеринска, во присиство на Каракачанов, албанската нејзина коилешка и други. Добро, му реков, ама не се љути ако ја бакнам.Тргна пријателот по мене, ја начекав љубимата во тесно, и честитав за функцијата , се ракувавме, и, на нејзина шикираност, силно ја повлеков и,и – ја прегрнав! Малку се опираше,ама!?Не те бакнав јас, Радо, туку тој што ме натера!!!

Каракачанов го знам од рибниот ресторан во Охрид. Тука доагаше, преноќуваше кај газдите од Пелистерка(легендарните Тане и Целе!), ќе го наполнеше мешето со некоја пастрва на керамитка!, ќе поделеше некој паспорт и заминуваше.

Своето политичко проматарство во Македонија, преку која растеше кон врвовите на бугарската власт, Каракачанов, го започна веднаш по нашето осамостојување. Најнапред со едно штипјанче,по име Гоце, кое, на крајот, го пушти да шета – голо по гаќи во Софија. Потоа со јуришниците – патриоти кои на кејот на Вардар ја славеа Мара Бунева. Потоа, во Битола, кај оној Црномаров што ги сучеше мустаците како Делчев и тн.

Каракачанов стигна во позиција, денеска, владата на Борисов да му зависи токму од него!Дополнително, догодина оди на општи избори.

Борисов, е, исто така, многу среќна приказна. Долги години – шеф на охраната, обезбедувањето на комунистичкиот диктатор и најревносен послушник на Москва, Тодор Живков. Големите луге растат и после смрта. Тодор Живков, остана во сеќавање само во вицевите, во досетките за него. Кај нас и во Бугарија.

Бојко, од телохранител, постана премиер, највлијателна личност во Бугарија.Тој сега, е на прекретница од животот. Да биде запаметен како државник – и кај нас, и во Бугарија, и во Европа. Пред него е изборот – дали ќе остане само политичар за ова време, или државник-за сите времиња.Бугарија, за жал, ако се изземе Георги Димитров, не испилила такви државни глави. Купувала цареви и царици, застанавувала на погрешната страна од историјата, седо НАТО и ЕУ.

Ова не го пишувам, од пуста желба за влез во европското семејство. И без нив ќе преживееме, а и сме биле Европа-уште пред самата Европа! Бугарија не влезе во НАТО и ЕУ, како земја,како народ и популација со европски стандарди, туку, влезе како територија. Исто како и Романија:што поблиску до руската граница!

Бугарија, сеуште го нема заслужено и оправ дано местото во европското семејство. Еден Радев, кој со едното око намигнува кон Москва, си зема за право, да изусти, како, преку нас- некадарните, ќе ја штити Европа!? Та сакска, тој не може да ја продаде ниту на Орлов мост, во Софија!

Но,од него ниту нешто се бара, ниту нешто се очекува. Бојко е тој, кој треба да го обели образот на Бугарија за сите времиња. Да, токму преку Македонија. Ние немаме проблем, да ја споделиме историјата.За нивна жал, таа има големи црни петна – кон нас. Кај нас тоа го нема, освен вицевите и на ФБ. Медиската хистерија во мејнстрим медиумите во Бугарија, е далеку над нивото на неколку про-опозициски порталичиња овде. Немаме проблем тие да се оправдуваат, пред себеси и светот, дека ни дошле како ослободители и администратрори. Немаме проблем Крушевското востание да биде и Преображенско.

Но ние имаме проблем, а истиот го има и Европа, го има и Бојко, да прифатиме дека до 1944 сме биле Бугари, а сега сме држaвјани”! Мегу тие државјани, сеуште има живи, од пред 1944. Тие државјани, никогаш не слушнале од своите татковци и дедовци дека биле Бугари и дека зборувале на бугарски. Да, можеби, зборувале, од зорзоман, ама, исто така, зборувале и српски, во мојот Охрид и грчки. Кому да му објаснуваме дека сме зборувале уставен јазик, во времиња кога и не сме знаеле што е тоа устав!?

Бојко, на тебе е редот: или ќе завршиш како европеец, достоен да стоиш мегу Меркел и Макрон, или ќе завршиш како балканец, на нивото на Тодор Живков, Каракачанов, Захариева…

И за крај, зошто, токму јас, ова ти го порачувам? Затоа што, на времето, на Заев му порачава, во озаглавена колумна: “ Потпишувај, ич окце да не ти трепне!?

Веле Митаноски

Back to top button
Close